ПРЕМИЕРА: Audi R8 V10 Performance RWD – Врескачки V10, 570 коњски сили и погон на задните тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi R8 V10 Performance RWD – Врескачки V10, 570 коњски сили и погон на задните тркала!

Audi Sport ја претстави врвната изведба на R8 V10 – која доаѓа со дополнителни 30 коњски сили и погон на задните тркала!

Средишно-поставениот 5.2-литарски V10 е доработен да испорачува моќни 570 коњски сили и 550 Nm вртежен момент – а сето тоа овозможува навистина врескачки перформанси. Coupe изведбата забрзува до 100 километри на час за 3.7 секунди, додека на Spyder кабриолетот му требаат само 3.8 секунди. Максималната брзина е импресивни 329 километри на час за купето, додека кабриолетот постигнува „само“ 327 километри на час.

Овие перформанси се должат и на намалената тежина – Audi R8 V10 Performance RWD Coupe тежи 1590 килограми, додека кај кабриолетот таа бројка изнесува 1695 килограми. Систеите за стабилност и контрола на тракцијата се прилагодени да овозможат контролирани дрифтови – а тоа пак значи уште повеќе уживање и забава во возењето, без да се направи компромис во однос на безбедноста.

Од Audi Sport напоменуваат дека внимание е посветено и на рекалибрација на суспензијата, за управувањето да биде уште попрецизно и подинамично. Во однос на другите подобрувања – R8 V10 Performance RWD добива и нови спортски седишта, рекалибрирано динамично управување, поцврсти стабилизатори и керамички сопирачки.

Нарачките се веќе отворени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.