По минатонеделното намалување на цените, оваа седмица цените на горивата одат нагоре.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за формирање на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 3.02%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.
Новите, повисоки цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.