Големиот, радикален електричен SUV на BMW од денес е изложен во салонот на BMW во Скопје!
Интересен и важен новитет пристигна во Македонија – големиот електричен BMW iX од денес е изложен во салонот на М Кар во Скопје. Големиот iX е поставен на засебна платформа која дебитира токму кај него, а пристигнатиот примерок е од врвната iX xDrive50 варијанта која добива огромна батерија со капацитет од 105 kWh. Оваа батерија се комбинира со електромотори кои испорачуваат вкупно 524 коњски сили и 765 Nm вртежен момент.
Оваа комбинација овозможува катапултирање до 100 километри на час за само 4.6 секунди, како и максимални (електронски ограничени) 200 километри на час. Дополнително, со полна батерија ќе поминете повеќе од 500 километри.
Ние веќе го познаваме iX – неодамна и самите имавме можност да го возиме на интернационалната промоција низ Баварија и Австрија. За време на возењето, големиот електричен SUV нѐ импресионираше како со перформансите, така и со врвните напредни технологии и комфорот. За да дознаете повеќе, прочитајте за нашето искуство зад воланот на iX тука.
Како што напоменавме, големиот iX е веќе изложен во салонот на BMW. За повеќе информации, посетете го салонот на М Кар.