Mansory повторно ја откри својата дива страна со новиот тјунинг пакет за кросоверот на Aston Martin, кој носи значителни промени во екстериерот и масивно зголемување на силата.
Естериерот добива проширувања на крилата, два спојлери, редизајниран преден браник, поклопец на моторот со отвори за вентилација, поинакви странични прагови, крилца на страничните отвори за вентилација на крилата и нов заден браник.
Сите елементи се направени од јаглеродни влакна и се аеродинамички дизајнирани да овозможуваат повисока потисна сила и подобри перформанси на тркачки патеки. DBX-от на Mansory е поставен и пониско кон подлогата и вози на 24-инчни тркала, оптимизирани со подобро ладење кон сопирачките.
Погонската единица е надградена да испорачува многу повеќе од стандардните 550 кс и 700 Nm. Така сега твин-турбо V8 агрегатот произведува 800 кс и 1,000 Nm вртежен момент, а најголема заслуга за ова имале новите турбополначи.
Покрај тоа, промени биле направени и во компјутерската единица на моторот, филтерот за воздух, како и целосно новиот издувен систем. Според Mansory, тјунираниот DBX може да постигне 100 км/ч за само 3.8 секунди, а е способен да постигне максимална брзина од 325 км/ч.
Внатрешноста исто така претрпела промени, па тука можат да се сретнат детали од светло зелена боја над седиштата, централната конзола, инструмент таблата, патосниците и воланот. Делови од карбон се среќаваат на речиси сите површини од ентериерот, покрај кошните тапацири.