Магазинот Carwow ги спореди силите на Ferrari F8 Tributo, McLaren 765LT и Porsche 911 GT2 RS во драг трка на половина милја, меѓузабрзување и сопирање.
Заедничко за трите суперавтомобили е тоа што сите имаат погон само на задните тркала. Нивните спецификации се слични, со мали разлики:
- Ferrari F8 Tributo – 3.9 литарски твин-турбо V8 со 720 кс и 770 Nm, со тежина од 1,435 килограми
- McLaren 765LT – 4.0 литарски твин-турбо V8 со 765 кс и 800 Nm, со тежина од 1,339 килограми
- Porsche 911 GT2 RS – 3.8 литарски твин-турбо боксер агрегат со шест цилиндри и 700 кс и 750 Nm. Неговата тежина изнесува 1,470 килограми.
Погледнете го видеото и дознајте го победникот !