Регулаторна: Цената на бензините не се менува, дизелот поевтинува денар и половина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: Цената на бензините не се менува, дизелот поевтинува денар и половина

Вечерва на полноќ ќе поевтини дизелот, но цената на бензините нема да се смени.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, вечерва на полноќ цените на горивата ќе се намалат во просек за 1.03%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе останат непроменети, па 95-октанскиот бензин и понатаму ќе чини 75.00 денари за литар, а 98-октанскиот бензин и понатаму ќе чини 77.00 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе се намали за 1.50 денари. Еден литар дизел од вечерва ќе чини 66.50 денари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.