Најмалиот SUV на SEAT – компактната и популарна Arona – неодамна доби освежување, а од денес може да се погледне во салонот на шпанскиот бренд во Скопје.
Со освежувањето, SEAT подготви козметички, но и технолошки подобрувања на супер-популарната Arona. Arona добива нова поголема предна решетка, целосни LED светлосни групи и редизајниран браник со повеќе отвори за воздух и репозиционирани светла за магла.
На задниот дел светлата добиваат минимално изменета форма, добиваме и нова ознака Arona, како и редизајниран браник со поагресивен дифузер.
Кабината добива нов инструмент панел како и нова централна конзола. Мултимедијалниот систем е прикажан на 8.25-инчен екран, кој може да биде заменет со поголем 9.2-инчен кај повисоките нивоа на опрема. Кога сме кај повисоките нивоа на опрема, моделите од нивоата FR Sport и Xperience (како оној на фотографиите) добива 10.25-инчен дисплеј за прикажување на инструментите. Новите отвори за вентилација за имаат вградено амбиентално осветлување, чија боја зависи од нивото на опрема.
Покрај визуелните новитети, Arona добива и нови технологии како Travel Assist, кој ја комбинира Lane Assist функцијата со адаптивниот темпомат за полу-автономно возење. Тука се исто така и системите како Side Assist, системот за препознавање на сообраќајни знаци и системот за помош при паркирање.
Во однос на моторите, 1-литарскиот TSI може да се добие во изведба со 95 или 110 коњски сили и може да се комбинира со шест-степен рачен или 7-степен DSG менувач. Врвната изведба добива 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на SEAT, или пак посетете го салонот.