Ф1: Голема Награда на Бразил – Интерлагос! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1: Голема Награда на Бразил – Интерлагос!

Викендот се покажа како еден од најдраматичните во историјата на Ф1 – но драматична надвор од патеката.

Имено, трката во Бразил на патеката Интерлагос е една од најстарите и најочекуваните патеки во календарот на Ф1. Овој пат изведувачите за прв пат покажаа покриен падок, односно покриен дел за следење на трката, па во иднина и кога има поројни дождови инженерите би требало идеално да може да се снаоѓаат со информациите за болидите кои се на патеката.

Оваа трка беше со квалификации во петокот на кои по проверката на задните крила на неколку болиди се покажа дека задното крило на Мерцедес беше надвор од дозволеното. Со тоа болидот беше прогласен за нелегален и дисквалификуван.

Верстапен од друга страна, забележа дека задното крило на Мерцедесот е нелегално и инспекторски отиде да го погледне. Но, не требаше да го допира, казната која му ја наложија за допирањето беше 50.000 евра. Ум за друг пат, да не пипка болиди наоколу.

Па така во саботата се одржа спринт трката на која стартуваа Макс, па до него Ботас, и зад него Саинц. Ботас имаше одличен старт и го претекна Макс уште веднаш, дел заради супериорниот болид, дел заради меките пневматици. Најголема грешка на Редбул во спринт трката се покажаа средните пневматици кои очигледно не можеа да се доближат до болидите кои беа на меки.

На самата трка, како што стартуваа уште во стартот Редбул избија напред пред Ботас. Сепак драмата беше минимална со оглед на огромната доминантност на болидот на Мерцедес. Очекувано беше Мерцедесите да завршат во 1-2 победа, дури и Ботас на тимското радио го кажа истото. Сепак заради крајно нелогично повикување во бокс на Ботас не успеаа во тоа и Ботас заврши на третото место. Со тоа двата Мерцедеси се искачија на подиумот – Макс иако со инфериорен болид сепак успеа да го задржи второто место. На последниот круг Перез влезе да промени меки пневматици, па со тоа успеа да извади и еден бод за најбрз круг. Сè на сè, за овој викенд многумина се пошегуваа – „Каква драма, возачот во побрз болид ги претекна возачите во поспорите болиди!“ – што е и потполно очекувано и неможе да биде понедраматично.

Инспекторот Ветел кој секогаш чепка по туѓи болиди и ги проверува, од каде и го има добиено прекарот, се шегуваше со своите механичари. „Ќе одам да го пипнам Мерцедесот, ама јас предното крило ќе го пипнам, можеби поефитно ќе ме казнат околу 25.000 евра“.

Поврзано:  Mercedes-Benz CLE Cabriolet пристигна во салонот на Мак Аутостар

Резулатот од трката беше оној класичен на кој сме научени веќе многу години, а познат меѓу гледачите како HAM-VER-BOT.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.