Целата 4xe Plug-in хибридна гама на Jeep пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Целата 4xe Plug-in хибридна гама на Jeep пристигна во Македонија!

Убави вести од Jeep – целата, комплетно нова 4xe плаг-ин хибридна гама која ги вклучува Renegade, Compass и Wrangler 4xe пристигна во Македонија!

Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep® Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.

Промотивно новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

Однадвор, сите 4xe возила ги задржуваат дизајнерските форми  на моделите со мотор со внатрешно согорување, но се издвојуваат благодарение на впечатливите „електрично сини“ детали во дизајнот кои се препознатлив знак за распознавање на моделите.

Носител на новиот курс на Jeep може да биде само новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid – електрифицираната верзија на легендата на Jeep со најголема способност која истовремено е и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега.

Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е опремен со два електромотори, пакет високонапонски батерии, супер-модерен 2-литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Покрај тоа, моменталната достапност на вртежен момент и најдобрите перформанси се загарантирани од комбинацијата на турбо-бензинскиот и електричниот мотор, што го прави Wrangler 4xe Plug-in Hybrid неприкосновен крал надвор од теренот, но и незапирлив на патиштата.

И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid може да патува со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни теренски перформанси во целосна безбедност и задоволство да го слушате „звукот“ на природата.

Резултатот е 100% незапирлив Wrangler кој ја следи традицијата на Jeep®, но со невидена карактеристика – тој е и најеколошкиот и најквалификуваниот Wrangler за теренски авантури, на што се придодава целосно задоволство од возење на отворено, кое отсекогаш го издвојувало возењето на легендата на Јеер. Ниту перформансите не се за занемарувањер – забрзува од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Во електричен режим може да помине до 50 km (според WLTP мерењата) – повеќе од доволно за секојдневна употреба во градот.

Секако, тука се и Renegade и Compass 4xe. Renegade 4xe Plug-in Hybrid e SUV возилото кое е „Made in Italy“, и истовремено e своевидна појдовна точка на електрификацијата на гамата – па една година од лансирањето, Renegade 4xe го потврдува целосниот успех на моделот co околу 6.000 новорегистрирани возила во Италија и водство во сегментот во 2021 година.

Скалило над него е Compass 4xe кој под мотото „оди каде и да е, прави што и да е“ успеа да привлече навистина многу купувачи. Всушност, секој четврти продаден модел во Европа е плаг-ин хибриден 4xe – a тоа ја покажува неговата популарност.

И кај двата модела има комбинација на 1.3-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор, кој се наоѓа зад задната оска, а се напојува од батерија од 11.4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови, со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, како и на јавна станица за полнење.

Ефикасниот 1.3-литарски турбо мотор испорачува енергија од 130 КС или 180 КС, плус 60 КС произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 КС (верзија Limited) или 240 КС (Trailhawk и S).

За повеќе информации, можете да ја посетите официјалнатаа веб страница на Jeep, или пак да го посетите салонот и самите да ги видите новите возила.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.