Lancia Delta се враќа во 2026 како електрично возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia Delta се враќа во 2026 како електрично возило

Италијанскиот бренд потврди дека ќе го реинкарнира моделот Delta, кој ќе биде лансиран за четири години со модерен електричен погон.

Веста доаѓа директно од новиот извршен директор на Lancia – Лука Наполитано, кој изјави дека моделот Delta е многу посакуван автомобил, koj не смее да биде изоставен од нивните планови. Тој ќе се врати како возбудлив модел и ќе располага со најновите технологии.

Во моментов информациите се ограничени, но сепак се очекува Lancia да искористи веќе постоечка платформа од гамата на Stellantis. Најверојатно тоа ќе биде новата STLA Medium платформа, која е еволуција на eVMP платформата од ерата на PSA. Се шпекулира дека таа ќе дозволи користење на solid-state батерии што ќе овозможат опсег од 700 километри со едно полнење.

Пред лансирањето на Delta, Lancia конечно ќе го замени актуелниот модел Ypsilon со целосно нова генерација. Малиот градски автомобил е веќе 10 години стар и е моментално достапен само во Италија. Неговиот наследник ќе биде претставен во 2024 и ќе биде последниот модел на Lancia кој ќе се нуди со мотор со внатрешно согорување. Од 2026 Италијанскиот производител ќе нуди само целосно електрични возила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.