Пристигна плаг-ин хибридниот Peugeot 3008 Hybrid! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна плаг-ин хибридниот Peugeot 3008 Hybrid!

Најсовремената изведба на популарниот SUV на францускиот производител – новиот 3008 Hybrid4 – пристигна во салонот на Peugeot во Скопје!

Плаг-ин хибридната комбинација на популарниот SUV комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 180 коњски сили со електромотор поврзан на предните тркала, како и батерија со капацитет од 13.2 kWh. Електромоторот испорачува 110 коњски сили , а вкупната системска моќност е 225 коњски сили и 360 Nm вртежен момент.

Резултат на сета таа моќ и технологија која е „спакувана“ во 3008 Hybrid е забрзување до 100 километри на час за одлични 8.9 секунди и максимална брзина од 235 километри на час. Според WLTP мерењата, 3008 Hybrid може да помине до 63 километри на електрична енергија – и тоа при брзини до 135 километри на час. Секако, бидејќи се работи за плаг-ин хибриден SUV, ако во денот не поминувате повеќе од тие 50-60 километри и имате пристап до полнач, потрошувачката на бензин се сведува „на нула“.

За освежениот 3008 пишувавме уште кога тој пристигна кај нас. Ќе го препознаете преку затегнатиот дизајн – предните светла се заострени и се прелеваат во маската на ладилникот, а дневните светла се понагласени и уште подинамични. Предните и задните светла користат Full LED технологија и динамични трепкачи, а задните светлосни групи се редизајнирани за уште повеќе да го истакнуваат елементот на лавја канџа.

Кабината на освежениот 3008 добива нови материјали и нови бои, како и грст нови технологии. Меѓу другото, тука е и најновата генерација на i-Cockpit системот, но тука се и нови технологии за полу-автономно возење и безбедност. Секако – не е заборавено ниту на уживањето во патувањето – па можете да добиете уште подобри системи за масажа во седиштата, или пак аудио систем од Focal со 10 звучници.

Поврзано:  Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Peugeot, или пак салонот на францускиот бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.