Од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата – и тоа бензините ќе поскапат по 2 денари, додека цената на дизелот ќе се зголеми за 2.5 денари.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат за 3.41%.
Цените на ЕУРПСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се зголемат за 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 75.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 77.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе се зголеми за 2.50 денари, па еден литар дизел гориво ќе чини 67.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.