Јубилеј: Continental прославува 150 години од основањето! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Јубилеј: Continental прославува 150 години од основањето!

Continental го прославува својот јубилеј и најавува важна еволуција во пристапот – најдоцна до 2050 година сите пневматици на Continental ќе се произведуваат од 100% одржливи материјали и од синџир на снабдување кој е целосно неутрален во однос на климата.

На 8 октомври 2021 година Continental ќе ја прослави 150-годишнината на компанијата. Од основањето во Хановер во 1871 година, Continental развива пионерски технологии и услуги за одржлива и поврзана мобилност на луѓето и на нивната роба. Од мала фабрика во Хановер компанијата се разви во еден од глобалните играчи во автомобилската индустрија и денес работи во 58 земји во светот.

Continental е најстариот независен производител и еден од најголемите производители на пневматици во светот. Во изминативе 150 години компанијата, со својот пионерски дух и иновативна сила, постави стандарди во индустријата на пневматици. Повторно, токму инженерите на Continental со своите револуционерни пронајдоци обезбедија пневматиците да станат побезбедни, поефикасни и одржливи.

Клучните фази во производството на пневматици на Continental опфаќаат прв пневматик со слој за газење, прв пневматик со бандаж кој се вади, патент за прв пневматик без внатрешна гума во светот и, со неговиот модел „за сите терени“, прв наменски пневматик за зима. Исто така, од Continental излезе и првата пневматска гума за трактор. Подоцна беше произведен првиот пневматик со оптимизиран отпор при тркалање и првиот пневматик со слој за газење произведен од гума од глуварче.

Исто така, Continental е еден од пионерите во областа на дигитализацијата. Уште во 1999 година производителот на пневматици покажа дека податоците што се потребни за напредни системи за помош при возење може да се утврдат уште попрецизно и побрзо ако пневматикот се користи како извор на податоци. Тоа беше раѓањето на интелигентниот пневматик. Во меѓувреме, Continental ги поврзува своите пневматици и нивните сензори во облак и им нуди на купувачите сосема нови, паметни и дигитални решенија и услуги за пневматици.

„Пневматиците се наша страст. Нашата технолошка извонредност обезбедува безбедност, сигурност и одржливост веќе 150 години. Се гордееме со тоа“ – изјави Кристијан Кец, директор на делот Пневматици и член на Извршниот одбор на Continental. Тој додаде: „Голем дел од денешните технолошки стандарди за пневматици доаѓа од Continental. И повторно, ние ги туркаме границите на можното. Наша цел е најдоцна до 2050 година да го произведуваме нашето цело производно портфолио исклучително од одржливи материјали на начин што ќе биде неутрален во однос на климата.

Компанијата, основана во 1871 година, заснована врз технологија, нуди безбедни, ефикасни, интелигентни и пристапни решенија. Во 2020 година Continental генерираше продажба од 37,7 милијарди евра и во моментов вработува околу 235.000 лица во 58 земји и пазари. Оваа година компанијата ја прославува 150-годишнината од основањето. Делот од Continental кој се осврнува на пневматиците има 24 производствени и развојни локации низ светот. Continental е еден од водечките производители на пневматици и во фискалната 2020 година оствари продажба од 10,2 милијарди евра во својата област на работење, со повеќе од 56.000 вработени.

Continental се наоѓа меѓу технолошките лидери во производството на пневматици и нуди широк дијапазон на производи за патнички автомобили, комерцијални и наменски возила, како и за возила на две тркала. Преку постојаното инвестирање во истражувањето и во развојот Continental дава најголем придонес во безбедноста, економичноста и во еколошки ефикасната мобилност. Портфолиото на деловната единица Пневматици опфаќа услуги за апликации во трговијата со пневматици и во возните паркови, како и во дигиталните менаџмент системи за пневматици.

Застапници за Continental за Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.