Volkswagen се стреми да биде најголемиот производител на електрични автомобили во светот до 2025 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen се стреми да биде најголемиот производител на електрични автомобили во светот до 2025

Tesla веќе со години ги побива познавачите на автомобилската индустрија и е на самиот врв на производителите на електрични автомобили – но според аналитичарите од LMC Automotive, токму VW ќе го преземе водството, и тоа уште во 2025.

Според аналитичарите, токму Volkswagen е најдобро подготвен да биде вистинскиот конкурент на Tesla кога станува збор за електричните автомобили. Големината на Volkswagen групацијата, во комбинација со многуте брендови кои се дел од групацијата и масивните производствени капацитети се рецептот за тоа – всушност, Volkswagen веќе покажа дека знае да прави електрични автомобили – ние неодамна го возевме ID. 3.

Дополнително, ваквите амбиции ги потврдува и извршниот директор на VW Group – Herbert Diess. Тој самиот потврди дека Volkswagen може да биде најголем производител на електрични возила до 2025. Тоа ќе го постигне преку огромно портфолио на продукти (глобално до 2030 групацијата ќе нуди околу 70 различни електрични возила), а најавија и дека ќе ја зајакнат стратегијата за продажба на електрични возила во САД.

Според аналитичарите од LMC Automotive, Volkswagen е веќе на одличен пат да ја надмине Tesla, но предвидувањата се малку покомплицирани од тоа. Tesla во моментов работи на градење на две нови фабрики – едната во Тексас, другата во Германија, а двете фабрики би требало да започнат со производство на крајот на оваа година. Дополнително, побарувачката за автомобилите на Tesla продолжува да расте, бидејќи токму Tesla се наметна како „бенчмарк“ со кој се споредуваат сите други електрични возила.

Од друга страна, историјата на неточни естимации и закаснети продукти на Tesla покажува дека „старите“ брендови имаат многу повеќе искуство и знаење кога станува збор за навремено испорачување на продукти, и ова е ризик кој Tesla сè уште не успева да го надмине. Продуктите на Tesla се најавуваат по неколку години пред да пристигнат на пазарот – а со тоа се губи интересот и се остава простор конкуренцијата да настапи со свои продукти.

Поврзано:  Volkswagen ја проширува SUV-понудата со Tayron, поставен меѓу Tiguan и Touareg

Сето ова е интересна тема за размислување. Секако, останува да видиме што навистина ќе се случи.

Извор: Automotive News



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.