ПРЕМИЕРА: Toyota ја лансира новата RAV4 Adventure – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota ја лансира новата RAV4 Adventure

Toyota ја претстави новата RAV4 Adventure – која добива поробусен стајлинг и грст други надградби.

RAV4 Adventure добива поробустен преден браник со нова маска, нови отвори за воздух и нови заштитни панели. Препознаваме и нов заден браник со нови заштитни панели, нови LED предни и задни светла, како и LED светла за магла. Достапна е нова комбинација на бои на екстериерот, RAV4 Adventure а добива и пошироки крила и поголеми 19-инчни тркала.

Кабината добива нови опции за материјали, и тука ја истакнуваме синтетичката кожа во комбинација со портокалови шевови. Ентериерот добива и нови заштитни панели на вратите, а целата гама на RAV4 стандарндо ќе добие електрично нагодување на возачкото седиште и уште неколку други новитети – како на пример USB-C приклучоци за полнење на мобилни телефони и слични уреди.

Погонските единици не се менуваат, а во понудата останува и супер-популарниот хибриден погон со AWD-i погон на сите четири тркала. Супер-ефикасниот хибрид на Toyota и понатаму е еден од најпопуларните погони за RAV4, а се нуди и во грст други модели на јапонскиот производители.

Според најавеното, Toyota RAV4 Adventure ќе пристигне во салоните во првата четвртина од следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.