Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Јули 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Јули 2021 во Европа

Најновиот извештај на Jato Dynamics за седмиот месец од годинава носи големи промени во листата за десет најпродавани автомобили.

Претходно успешните Peugeot 208 и Renault Clio изостанаа од листата, но кросоверите навистина земаа замав овој месец откако дури шест од нив се најдоа во најдобрите 10 продадени возила.

Dacia Sandero ја презема првата позиција за прв пат од лансирањето на моделот во 2008, со регистрирани 20,446 продадени примероци. Најновата генерација е одлично прифатена и најдобро продавана на маркетите во Франција и Шпанија.

Популарниот Volkswagen Golf по два месеци водство падна на втората позиција, откако забележа 19,425 продадени автомобили. Малиот Toyota Yaris е сеуште актуелен и се искачи на третото место со 18,858 продажби.

Volkswagen Polo се искачи од десеттата на четвртата позиција со 17,343 продадени примероци, додека зад него се најде неговиот кросоверски „брат“ Volkswagen T-Roc, по остварени 16,496 продажби.

Шестото место го освои новиот Hyundai Tuscon, со продадени 14,883 примероци, додека на седмото место се најде Volkswagen T-Cross со остварени 14,170 продажби.

На осмото, деветото и десеттото завршија моделите Dacia Duster, Ford Puma и Peugeot 2008, откако регистрираа 13,329, 13,293 и 13,134 продадени возила редоследно.

Извор на табелата: https: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.