AC Schnitzer претстави нов тјунинг пакет за BMW Серија 4 кабриолет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer претстави нов тјунинг пакет за BMW Серија 4 кабриолет

AC Schnitzer претстави еден куп надградби за кабриолет изведбата на BMW Серија 4, наменети за подобрување на перформансите и изгледот.

Слично како што веќе направи за Серија 4 купе, AC Schnitzer сега нуди различни подобрувања на перформансите кај повеќе варијанти на Серија 4 кабриолет, како 420i, 430i, M440i, како и дизелскиот 430d.

Силата на моделите варира, но најсилниот M440i со надградби од AC Schnitzer испорачува импресивни 420 кс, што е повеќе и од претходната генерација на BMW M3 и M4.

Покрај тоа, Германскиот тјунер развил нов издувен систем со спортски заден лонец од не’рѓосувачки челик, со прилагодливи клапни и издувни завршетоци од карбон, хром или црна анодизирана облога.

AC Schnitzer создале и нови компоненти за суспензијата на Серија 4 кабриолет. Тука е вклучен нов сет од пружина/амортизер, кој го приближува автомобилот за 12-25 милиметри кон подлогата.

Што се однесува до изгледот, моделот е опремен со нов преден сплитер, екстензии на страничните прагови и заден лип спојлер. Достапни се фелни во два различни дизајни, наречени AC4 и AC1, а се нудат во големини од 19 и 20 инчи. Купувачите кои сакаат целосно исполнување на полумесеците ќе можат да нарачаат и дистанцери со дебелина од 10 милиметри.

Надградбите на ентериерот се подискретни и содржат алуминиумски лопатки, покривка за iDrive контролерот и алуминиумски педали. Последната измена е новиот капак на моторот со ознаката на тјунерската компанија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.