По лансирањето на ваквите пакети за SUV моделите кои ги нуди, Jaguar одлучи да понуди R-Dynamic Black пакети и за XE и XF, како и караванот XF Sportbrake.
R-Dynamic Black пакетите вклучуваат повеќе опрема, но и ги нагласуваат динамичните карактери на моделите на Jaguar. Понудата е базирана на лајт-хибридниот турбодизел со 204 коњски сили и 430 Nm вртежен момент кој се комбинира со 8-брзински автоматски менувач.
Овој моќен турбодизел му овозможува на XE да забрза до 100 километри на час за само 5.6 секунди, додека на XF му требаат 5.8 секунди, а истовремено е исклучително економичен и троши само 4.9 литри на 100 километри.
R-Dynamic Black опремата вклучува црни 19-инчни тркала, црвени шепи за сопирачките, како и црни декоративни елементи околу предната маска, на страничните ретровизори и прагови, на значките, итн. Слична приказна продолжува и во кабината, каде доминира црната боја, а контрастот доаѓа од металните декоративни елементи. Сите верзии ќе го добијат најновиот Pivi Pro инфозабавен уред како и системот за јонизација на кабината и системот за активно попречување на бучавоста.
Ние навистина ги сакаме спортските седани на Jaguar. Неодамна го возевме освежениот XE – прочитајте го нашиот тест.