Kia веќе работи на нови електрични модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia веќе работи на нови електрични модели

Sjoerd Knipping од европската гранка на Kia објави дека производлителот веќе работи на два нови електрични модели.

Во неодамнешно интервју за Auto Express, одговорниот за европските продукти на Kia – Sjoerd Knipping – изјави дека корејскиот бренд веќе работи на две нови електрични возила – еден голем SUV наменет за северноамериканскиот пазар, како и помал електричен SUV наменет за Европа.

Новите модели се очекува да ја следат номенклатурата која Kia ја воведе со новиот EV6. Големиот SUV би се викал EV7 или EV8, а помалиот (оној наменет за Европа) најверојатно ќе го носи името EV4. Димензиите на EV4 би требало да бидат слични на оние на најпродаваниот модел на Kia – Sportage.

Забрзаната електрификација на Kia воопшто не нè изненадува – Kia веќе најави дека планира да нуди 11 различни електрични возила до 2025. Според најавеното, шест модели ќе бидат исклучиво електрични, додека другите пет ќе бидат базирани на постоечки возила со конвенционални мотори.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.