Land Rover подготвува Defender SVR со мотор од BMW и над 600 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover подготвува Defender SVR со мотор од BMW и над 600 коњски сили

Магазинот MotorTrend објави дека Land Rover подготвува SVR изведба од новиот Defender, со која директно ќе му конкурира на Mercedes-AMG G63.

Моментално, најсилната изведба на модело Defender ја носи ознаката V8, а е погонувана од 5.0-литарски агрегат, кој со помош на компресор произведува 525 кс и 625 Nm вртежен момент. Сепак, тоа не е доволно за да ѝ се спротивстави на најмоќната верзија на неговиот најдиректен конкурент.

Се очекува да биде понуден во верзии со пократко и подолго меѓуоскино растојание, а под поклопецот најверојатно ќе биде сместен 4.4-литарскиот твин-турбо V8 од BMW кој би требало да испорачува над 600 кс. Тоа би значело дека купувачите на Defender ќе имаат избор од два сосема различни V8 мотори.

Defender SVR ќе добие и други подобрувања на перформансите, вклучувајќи поголеми сопирачки и потврда суспензија, а осум-степениот автоматски ZF менувач ќе биде прилагоден да има пократки степени. Неговиот екстериер ќе биде значително изменет, со цел да се разликува од поосновните варијанти.

Според објавеното, се очекува новиот Defender SVR да пристигне идната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.