Brabus ја претстав најновата варијанта од малиот Smart EQ Fortwo, наречена по својата боја Racing Green Edition.
Автомобилот е обоен во специјална темно зелена металик боја и е поставен на 16-инчни Brabus Monoblock XI алуминиумски фелни со црни краци и сребрени детали.
Германскиот тјунер направил значителни промени во ентериерот на моделот EQ Fortwo. Највпечатливи се рачно изработените кожни седишта, обвиени во Cognac Nappa кожа. Истата површина се протега и над воланот, инструмент таблата и панелите на вратите, и додава луксузно чувство во кабинатa.
Кабината е исто така украсена и со спортски педали, нова рачка на рачната сопирачка, алуминиумски плочки на праговите, специјален менувач, како и неколку детали со текстура на карбон. Автомобилот го користи истиот 8.0-инчен мултимедијален систем како стандардниот Smart Fortwo, кој доаѓа со Android Auto и Apple CarPlay.
Brabus не направил промени во погонската единица, па така тој го задржува електричниот мотор со 81 кс, кој ги погонува задните тркала. Малиот Smart забрзува од 0-100 км/ч за 11.6 секунди, а има максимална брзина од 130 км/ч.
Извор на електричната енергија е мал пакет батерии од 17.6 киловат-часа, која му овозможува на Fortwo да патува до 129 километри со едно полнење.