Новиот BMW M3 Competition пристигна во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот BMW M3 Competition пристигна во Скопје!

Новиот M3 Competition веќе пристигна во салонот на BMW во Скопје!

Под поклопецот на новиот M3 Competition се крие 3-литарски линиски твин-турбо бензинец со шест цилиндри, кој во оваа конфигурација испорачува 510 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Може да се нарача во комбинација со погон на задните или на сите четири тркала.

Доколку одберете погон на задните тркала, забрзувањето до 100 километри на час трае 3.9 секунди, но одберете xDrive и M3 Competition „лансира“ до 100 километри на час за само 3.5 секунди.

Во стандардна изведба, максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, но со дополнителниот M Driver’s Package, максималната брзина расте на одлични 290 километри на час. Дизајнот е контроверзен и несекојдневен, но токму дизајнот придонесе многу повеќе да се зборува за новиот спортски супер-седан од Баварија. И навистина, најверојатно нема повеќе потреба да зборуваме. Погледнете ги фотографиите и уживајте!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.