РКЕ пред само неколку моменти ги објави новите – пониски – цени на горивата.
Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените на нафтените деривати, максималните малопродажни цени се намалуваат во просек за 2.22%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1.50 денари за литар. 95-октанскиот бензин ќе чини 71.00 денар за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 73.00 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ горивото поевтинува за 1 денар, па еден литар дизел гориво ќе чини 60.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.