Aston Martin ќе ги замени DB11 и Vantage со целосно електрични модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin ќе ги замени DB11 и Vantage со целосно електрични модели

Британскиот бренд објави дека следните генерации на моделите DB11 и Vantage ќе бидат целосно електрични.

Aston Martin веќе започна со електрифицирање на својата гама и наскоро ќе стартува со испорака на хибридниот хиперавтомобил Valkyrie. Покрај тоа, кросоверот DBX наскоро ќе биде надграден со plug-in хибридна варијанта, додека пак претстојните суперавтомобили со средно-поставен мотор Valhalla и Vanquish ќе имаат хибридни конфигурации.

Во неодамнешно интерју извршниот директор на Aston Martin – Тобиас Моерс објави дека моделите со средно поставен агрегат ќе бидат последните автомобили на Aston Martin со мотор со внатрешно согорување.

Тој исто така потврди и дека дека гамата на спортски автомобили со предно-поставени агрегати ќе се трансформира во целосно електрична, а првиот целосно електричен автомобил на брендот ќе излезе во продажба во 2025.

Тоа значи дека актуелните генерации на DB11 и Vantage ќе имаат подолг животен век од првично планираниот. Според Моерс, електричните возила на брендот ќе имаат опсег од најмалку 600 километри.

Од голема помош во постигнувањето на електрификацијата на Aston Martin e техничкото партнерство со Daimler, кое се продлабочи минатата година и придонесе за користење на 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат од Mercedes-AMG во моделот Valhalla.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.