Секој нов модел на Mercedes од 2025 ќе добие своја електрична верзија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Секој нов модел на Mercedes од 2025 ќе добие своја електрична верзија

Германскиот бренд го објави планот за иднината на нивната гама – а според него планира во блиска иднина да понуди електрична верзија од сите категории на возила.

Ова значи дека во 2025 тие ќе претстават три нови целосно електрични платформи кои ќе му овозможат на брендот да понуди целосно електрична верзија од секој модел во нивната палета.

Првата платформа – MB.EA e дизајнирана за патничките возила на Mercedes и ќе се користи кај сите автомобили со средни и големи димензии. Таа ќе биде скалабилна и модуларна, а исто така ќе го формира „скелетот“ на идното портфолио на компанијата.

Втората платформа ќе биде наменета за ентузијастите. Наречена AMG.EA, таа е наменета за користење кај електричните возила со високи перформанси, а како целна група за нејзини главни купувачи се љубителите на моделите на Mercedes-AMG.

На крај, третата VAN.EA платформа, како што сугерира нејзиното име е наменета за комби и лесни комерцијални возила. Mercedes очекува со неа да придонесе кон поеколошки градови во блиската иднина.

Помеѓу 2022 и 2030 година, компанијата планира да инвестира вкупно 40 милијарди евра за развој на електричните возила. Сепак, Mercedes очекуваат дека оваа инвестиција ќе ја забрза пресвртната точка за прифаќање на електричните возила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.