Суперполначите на Tesla ќе станат достапни и за останатите електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Суперполначите на Tesla ќе станат достапни и за останатите електрични возила

Извршниот директор на Tesla – Илон Маск – објави дека ќе ја направи својата мрежа на суперполначи достапна и за останатите електрични возила во текот на оваа година.

Со повеќе од 25,000 суперполначи, поставени на над 2,700 станици за полнење низ светот, не е тајна дека мрежата за полнење на Tesla e најраспространета. Ова има дава предност на купувачите на Tesla, но корисниците на останатите електрични возила зависат од останатите полначи.

Во одговор на твит, кој се однесуваше на комерцијалниот приклучок за полнење на Tesla, Маск објави: „ние ќе ја направиме нашата мрежа на суперполначи достапна за електрични возила од другите брендови при крајот на оваа година“. Тој исто така потврди дека ова се однесува на сите земји низ светот.

Возилата на Tesla кои се продадени во Северна Америка се опремени со комерцијален приклучок за полнење, а за да им се овозможи на останатите возила да ги користат суперполначите ќе треба да биде развиен дополнителен адаптер.

Сепак, моделите на Tesla кои се продаваат во Европа имаат сличен CCS стандарден приклучок, кој се користи кај повеќето електрични возила. Како последица на тоа, полнењето на останатите електрични модели на суперполначите на Tesla ќе биде поедноставно и дефинитивно ќе го забрза процесот на прифаќање на електричните возила како секојдневие.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.