Идните возила на Audi ќе ја задржат големата предна решетка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Идните возила на Audi ќе ја задржат големата предна решетка

Препознатливата предна решетка на Audi ќе продолжи да ги краси „лицата“ на идните возила и покрај преоѓањето на електричен погон.

Како што се повеќе возила стануваат електрични, така се повеќе автомобилски производители ги заменуваат традиционалните предни решетки со панели во боја на каросеријата.

Сепак, во неодамнешна дискусија, претставници од Audi изјавија дека нивните електрични возила ќе имаат слични решетки како нивните модели со внатрешно согорување, иако тие најверојатно нема да имаат отвори за вентилација, со цел да понудат подобра аеродинамика.

Предните решетки долго време беа неопходни за автомобилите да добијат доволно свеж воздух за ладење на моторите и ладилниците. Иако решетките не се толку важни за електричните возила, бидејќи немаат толку голема потреба за ладење, тие сепак им даваат на моделите препознатлив изглед.

Дизајнерскиот тим на Audi изјави дека решетките на нивните електрични возила ќе им помогнат да ги издвојат нивните модели од конкурентите. Овие решетки исто така ќе се најдат на претстојните три електрични „Sphere“ концепти, кои ќе доаѓаат со напредни системи за автономно возење.

Препознатливата решетка на Audi беше најпрво користена кај моделот А8 од 2004 година и се најде на предниот дел на секое Audi до сега. Споредено со повеќето автомобилски решетки кои се поделени на горна и долна секција, решетката на Audi е едноделна и се протега од поклопецот до долниот дел на браникот.

Германскиот производител ги најави трите „Sphere“ концепти на почетокот на месецов. Тие се состојат од Sky Sphere – елегантно купе со две врати, Grand Sphere – седан со четири врати и Urban Sphere – голем SUV.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.