Автомобилскиот Саем во Париз се враќа во 2022 по четири годишна пауза – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилскиот Саем во Париз се враќа во 2022 по четири годишна пауза

Париското Авто Шоу се очекува да се врати следната година во нова форма како „Париски Автомобилска Недела“.

Светски познатиот настан, кој се одржуваше секоја парна година беше последен пат одржан во Октомври 2018 и носеше со себе бројни интересни премиери. Пред да биде целосно откажан во 2020 поради пандемијата, беше откриено дека во иднина нема да продолжи да се одржува во истата форма.

Според магазинот Autocar, Париското Авто Шоу ќе се спои со Equip Auto, кој е голем настан фокусиран на постпродажби и сервиси за поврзана мобилност. Заедно ќе ја формираат новата „Париска Автомобилска Недела“, во која ќе бидат насочени кон купувачите и компаниите. Секој ќе може да присуствува, но бидеќи ќе бидат одделени, само автомобилските професионалци ќе имаат пристап до двата оддели.

Париската Автомобилска Недела ќе се одржи во „Paris Expo Porte de Versailles“, помеѓу 17ти и 23ти Октомври 2022. Оние кои што ќе се одлучат да го посетат, ќе можат да учествуваат во повеќе активности, вклучувајќи разговори и тест возења. Истовремено, „специјална дигитална платформа“ ќе им овозможи на сите околу светот да ги искусат премиерите преку нивните дигитални уреди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.