ПРЕМИЕРА: Aston Martin Valhalla во својата продукциска форма! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Aston Martin Valhalla во својата продукциска форма!

Сериската верзија на Valhalla комбинира 4-литарски V8 со два електромотори за вкупно 950 коњски сили!

За Aston Martin ова е навистина важен момент – не само што го презентираат својот нов знаменосец во неговата финална, сериска форма, туку се придружуваат на елитното друштво на хибридни хипер-автомобили со неверојатни перформанси.

Погонот на Valhalla комбинира 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 750 коњски сили при 7200 вртежи во минута. Интересно, овој V8 потекнува од AMG, но е темелно доработен и рекалибриран за да одговара на карактерот на Aston Martin. Моторот ја испорачува силата кон предната оска, а на предната и на задната оска се поставени и електромотори кои испорачуваат дополнителни 204 коњски сили. Вкупната, системска моќност е 950 коњски сили!

Системската сила се пренесува преку 8-степен автоматски менувач со двојна спојка развиен специјално за Valhalla. Интересен детал е дека овој менувач нема „рикверц“, туку за движење наназад се користат електромоторите.

Според Aston Martin, Valhalla забрзува до 100 километри на час за 2.5 секунди и постигнува максимални 330 километри на час. Доколку возите само на електрична енергија (да, може и така), Valhalla постигнува максимални 130 километри на час, а автономијата „на струја“ е 15 километри. Но сепак, електромоторите се тука за да ги подобрат перформансите, а од Aston Martin кажуваат дека очекуваат Valhalla да „го заврти“ Nurburgring за помалку од 6 минути и 30 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.