ПРЕМИЕРА: Kia ги претстави освежените Ceed, Ceed SW и ProCeed – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Kia ги претстави освежените Ceed, Ceed SW и ProCeed

Kia подготви прилично сериозно освежување за целата гама на Ceed модели – а освежувањето вклучува дизајнерски затегнувања, но и нови технологии и ревидирана гама на мотори.

Ceed-семејството на Kiа е навистина важно за корејскиот производител, особено ако земеме предвид дека скоро 30% од продадените возила се токму од овие модели. Токму затоа, Kia подготви сериозно освежување за Ceed, со цел да го задржи интересот кај купувачите.

Сите модели добиваат поагреисвен преден дел со нова предна маска со нагласени 3Д форми, како и предни светла со LED технологија и нови графики. Забележуваме и поагресивни браници, како и засебни дизајнерски елементи за различните нивоа на опрема – Base, Phev, GT-Line и GT – некои добиваат детали во црвена боја, некои во сатенска хромирана боја и слични елементи.

На задниот дел сите возила добиваат нови LED задни светла (кои кај GT-Line и GT се со нагласена спортска графика), а кај новиот Ceed се воведува и новото лого на Kia. Визуелните освежувања ги заокружуваме со нови 17 и 18-инчни тркала, како и 4 нови бои за екстериерот на освежените модели – Machined Bronze, Lemon Splash, Yucca Steel Grey и Experience Green.

Во кабината забележуваме нови материјали и некои нови бои. Пред возачот е поставен нов, 12.3-инчен дигитален панел со инструменти, а на централната конзола е поставен 10.25-инчен инфозабавен уред со Apple CarPlay и Android Auto. Секако, достапни се и премиум додатоци – како на пример JBL аудио уред, загревање на седиштата, итн, а тука се и сите системи за активна и пасивна безбедност кои се во портфолиото на Kia.

Поврзано:  ТЕСТ: KIA Picanto 1.2 5MT Concept - Добрите нешта доаѓаат во мали пакувања!

Во однос на моторите, во понудата останува 1-литарскиот лајт-хибриден турбо-бензинец со 120 коњски сили, како и новиот 1.5-литарски четири-цилиндерски турбо-бензинец со 160 коњски сили. За GT изведбите, тука е добро-познатиот 1.6-литарски турбо-бензинец со 204 коњски сили.

Вистинскиот новитет доаѓа во форма на Ceed PHEV, кој комбинира 1.6-литарски атмосферски бензинец со електромотор и 6-степен DCT менувач за вкупна системска моќност од 141 коњска сила и 265 Nm вртежен момент. Оваа верзија има и батерија со капацитет од 8.9 kW, која овозможува автономија на струја од 58 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.