ПРЕМИЕРА: Hyundai Elantra N има 276 коњски сили и супер-агресивен стајлинг! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai Elantra N има 276 коњски сили и супер-агресивен стајлинг!

По долгото најавување, Hyundai ја претстави спортската верзија на новата Elantra – која може да се пофали со 2-литарски турбо-бензинец со 276 коњски сили!

Најновиот модел во N-гамата на Hyundai е токму новата Elantra N. Под спортскиот и агресивен стајлинг се крие 2-литарск турбо-бензинец кој испорачува 276 коњски сили и 392 Nm вртежен момент, кои пак ги пренесува кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач или 8-брзински автоматски DCT менувач со двојна спојка.  Сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за 5.3 секунди и максимална брзина далеку над 200 километри на час.

Elantra N добива и спортски електронски диференцијал со ограничено пролизгување и интегрирано погонска оска како кај WRC возилата. Според Hyundai, оваа конфигурација е подобра за справување со страничните сили, како и намалување на тежината. Elantra N добива и поголеми сопирачки, спортски-прилагодена суспензија и големи 19-инчни тркала обвиени во спротски Michelin Pilot Sport 4S пневматици.

N Grin Shift системот краткотрајно го зголемува притисокот во турбополначот и на кратки интервали испорачува дополнителни 10 коњски сили, а тука е и варијабилниот издувен систем. Кабината добива спортски седишта, многу N ознаки и уште милион други детали кои ја издвојуваат спортската Elantra N од обичната. Секако, екстериерот добива екстензивна преработка – забележуваме спортски браници, странични прагови и голем заден спојлер, а и големи завршетоци на издувниот систем.

Elantra N се очекува официјално да пристигне кај дилерите на Hyundai до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.