Најновиот извештај на JATO објавува дека најуспешен од електричните автомобили бил Tesla Model 3 во петтиот месец од годинава во Европа.
Американскиот електричен модел се искачи на врвот на табелата со продадени 8,762 примероци. Втората позиција ја зазема Volkswagen ID.3, кој регистрираше 6,031 продадени возила.
На третото место заврши Renault Zoe со остварени 5,738 продажби, а веднаш после него следи Skoda Enyaq со продадени вкупно 5,223 примероци.
Победникот од месец Април – Volkswagen ID.4 падна на петтата позиција, откако оствари 4,620 продадени возила. Малиот чисто електричен Fiat 500 го задржа шестото место, како резултат на 3,644 продажби.
Остатокот од табелата за 10 најпродавани модели го исполнуваат Kia Niro со 3,331 продажба, Hyundai Kona со 3,245 продажби, Volkswagen Up со 3,146 продажби и Peugeot 208 со 2,926 продажби.
Извор на табелата: @carindustryanalysis