Рели-инспириран Nissan Juke? Зошто да не! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Рели-инспириран Nissan Juke? Зошто да не!

Nissan претстави визија за тоа како би можел да изгледа Juke инспириран од рели-возило од почетокот на 70-тите години на минатиот век.

Кога минатата година го возевме новиот Juke, навистина ни се допадна, а новата визија на Nissan за Juke инспириран токму од рели-возило од минатото ни изгледа уште подобро. Концептот кој Nissan го претстави е инспириран од тркачкиот 240Z од 1971 кој се појави на East African Safari Rally. Педесет години подоцна, Nissan уште се гордее со ова возило и второто место кое го освои, па одлучи да го претстави Juke Rally Tribute Concept.

Спектакуларниот концепт добива поголеми крила за тркалата во кои се сместени тркала обвиени во специјални пневматици. Додадено е дополнително осветлување, во багажникот се сместени резервни тркала и има уште неколку други ситни детали, како и боја инспирирана од рели-автомобилот од минатото.

Од Nissan кажуваат дека концептот би бил придвижуван од хибриден погон, кој од една страна ќе биде супер-ефикасен, а од друга страна ќе понуди инстантна испорака на вртежен момент – нешто што би требало да понуди и подобри перформанси. Дополнително, додаваат дека концептот не само што оддава почит на успехот на Nissan пред 50 години, туку и ја покажува водечката улога која Nissan ја има кај кросоверите, но и храбриот дизајн и електрифицираните погони.

Плус, изгледа спектакуларно! Браво!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.