Македонските возачи од Twingo Cup викендов ќе настапат на патеката во Serres, Грција – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонските возачи од Twingo Cup викендов ќе настапат на патеката во Serres, Грција

AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP и официјалните претставници на LEMA Racing Ви најавуваат уште еден интернационален настап за TWINGO CUP натпреварувачите и тоа на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26.06.2021 и 27.06.2021 год.

Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.
Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 Македонски натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Официјалната програма на натпреварите е следна:

26.06.2021 год. (Сабота)

  • 08:00-10:00 Верификација и технички преглед
  • 10:00-12:00 Слободен тренинг
  • 12:00-13:00 Квалификации
  • 13:00-15:00 Пауза за ручек
  • 15:00-17:00 Прва трка
  • 17:00-18:00 Церемонија на доделување на награди

27.06.2021 год. (Недела)

  • 10:00-12:00 Слободен тренинг
  • 12:00 – 13:00 Пауза за ручек
  • 13:00- 15:00 Втора трка
  • 15:30 Церемонија на доделување на награди

По четири извозени трки во генералниот пласман во првенството на Македонија првото место го делат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода, додека пак на третото место е Мартин Костовски со 42 бода.

Следниот меѓународен натпревар каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ е закажан во Гробник – Хрватска од 23 – 25.07.2021 додека пак финалната трка за заокружување на сезоната е закажана повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до поддржувачите: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски патеки.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.