Bentley ќе ви помогне да ја уредите јахтата по примерот на вашиот Continental GT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bentley ќе ви помогне да ја уредите јахтата по примерот на вашиот Continental GT

Bentley го претстави најновиот проект на нивниот Design Services оддел, кој помогна да се создаде уникатен ентериер на јахта, според ентериерот на Continental GT.

Bentley Design Services на проектот соработувале со Contest Yachts за да создадат наутички ентериер кој одговара на автомобилот на сопственикот на јахтата. Моделот на Bentley е уреден во Hotspur црвена кожа, комбинирана со контрастна бела кожа, а токму таа комбинација била рекреирана и во новата 18 метри долга Contest 59 CS јахта.

Кабината на јахтата исто така е украсена и со карактеристичните за Bentley зашивки во форма на дијамант, кои се формираат со точно 712 шевови по дијамант и врвни вештини за да се произведе на специјална машина, ексклузивна за Bentley.

Оваа јахта исто така е опремена и со темно син екстериер, кој одлично се усогласува со Light Saphire бојата на автомобилот на сопственикот.

Моделот Bentley Continental GT V8 го придвижува 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат, кој произведува 550 кс и 770 Nm вртежен момент. Забрзувањето од место до 100 км/ч трае 4.0 секунди, додека максималната брзина изнесува 318 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.