Регулаторна: Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот поскапува половина денар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот поскапува половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи повторно да ги зголеми цените на горивата.

Според методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.5%.

Бензините поскапуваат по еден денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 69.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 71.50 денари.

Дизелот поскапува половина денар, и еден литар Еуродизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.