Македонско деби на новата Opel Mokka! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонско деби на новата Opel Mokka!

Новата генерација на кросоверот на Opel денес го имаше своето македонско деби!

Новата Mokka од денес и официјално е достапна на македонскиот пазар. Новиот компактен кросовер на Opel ќе се бори да ги освои купувачите со модерен, современ дизајн, моќни и ефикасни мотори (и целосно-електрична изведба, секако) како и врвни можности за поврзување и напредни технологии.

Уште на прв контакт, новата Mokka е несекојдневна и забавна. Истовремено, ги следи новите дизајнерски насоки на Opel, но и ги најавува идните модели на брендот. Токму кај Mokka дебитира Vizor предната маска (која во меѓувреме веќе ја доби и освежениот Grandland, а ќе ја добие и целосно-новата Astra).

Кабината на Mokka е модерна и енергична. Пред возачот се поставени дигитални инструменти, додека на централната конзола е поставен голем мултимедијален уред. Спортскиот амбиент во кабината е уште понагласен благодарение на GS Line изведбата на изложениот модел, но слична приказна преовладува кај сите изведби на Mokka.

Едноделниот елемент го носи името PurePanel и е завртен кон возачот, со цел да се подобри возачкото искуство. Во зависност од одбраната конфигурација, централниот дисплеј може да биде со дијагонала од 7, односно 10 инчи. Секако, тука е и поддршката за Android Auto и Apple CarPlay.

Веќе е најавено дека Mokka ќе може да се добие со два турбо-бензински или еден турбодизел, а за оние кои сакаат да одат чекор нанапред, тука е и електричната Mokka-E. Во зависност од изведбата, Mokka ќе може да се добие со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач. Бензинците се со зафатнина од 1.2 литри и испорачуваат 100 или 130 коњски сили, додека турбодизелот е со зафатнина од 1.5 литри и испорачува 110 коњски сили.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница – Opel.mk.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Astra 1.2 Turbo 110 MT6 Edition - Кога основната верзија и не е толку основна.


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.