Италија ќе инвестира 1 милијарда евра во нова фабрика за батерии со Stellantis – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Италија ќе инвестира 1 милијарда евра во нова фабрика за батерии со Stellantis

Извори блиски до Ројтерс изјавија дека владата на Италија ќе намени 1 милијарда евра за изградба на фабрика за батерии за електрични возила со Stellantis.

Како дел од преоѓањето во електрична мобилност, Stellantis разгледува европски и северно-американски локации за да изгради фабрики за батерии. Сепак, Италија се издигна како главен конкурент, откако земјата ги покачи фондовите со цел да го удостои автомобилскиот производител.

Претходно, владата имаше собрано 600 милиони евра во јавни фондови за проектот, според план испратен во Европската Унија во Април. Сега пак, изворите велат дека Италија планира да креира јавно-приватно партнерство со главен удел од страна на Stellantis.

Биле одржани пет состаноци помеѓу врвниот менаџмент на Stellantis, министерот за Електро Дистрибуција – Роберто Чинголани, како и ACC алијансата за производство на батерии, создадена од PSA.

Stellantis веќе гради две гигафабрики во Германија и Франција, додека пак останатите земји членки на Европска Унија како Шпанија покажуваат интерес за инвестирање во нив.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.