Од Alfa Romeo пристигна информација дека седанот Giulia и големиот SUV Stelvio се достапни со специјален Business пакет кој вклучува дополнителна опрема во вредност од 6300 Евра!
Business пакетот за Giulia и Stelvio вклучува 18, односно 19-инчни тркала, металик боја, електрохроматски странични ретровизори, седишта делумно обвиени во кожа, новиот Alfa Connect 3D Nav со 8.8-инчен дисплеј, DAB дигитално радио, како и системи за следење на мртвиот агол и следење на коловозната лента.
Секако, тоа е покрај веќе стандардната опрема која доаѓа со Giulia и Stelvio – а тука истакнуваме адаптивен темпомат, паркинг сезори, автоматски двозонски клима уред, автономно сопирање, безжичен полнач за мобилен телефон и многу повеќе.
Седанот Giulia се нуди со 2.2-литарски турбодизел со 160 коњски сили, автоматски менувач и погон на задните тркала, додека големиот Stelvio може да се добие со 2.2-литарски турбодизел со 190 коњски сили и погон на задните или на сите четири тркала.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница, или пак продажниот салон на Alfa Romeo.
Извор: Alfa Romeo