Германскиот тјунер објави пакет за дотерување на изгледот и засилување на перформансите за неодамна освежениот Bentley Bentayga.
Започнувајќи од екстериерот, кросоверот добива нов поклопец на моторот, изменета маска со вертикални решетки, редизајниран преден браник со странични крилца и тенки светлечки LED ленти во долниот дел.
Предните и задните странични крила се проширени со помош на додатоци кои се усогласени со новите странични прагови и браниците. Тука се и нови карбонски капаци на ретровизорите, како и нов кровен спојлер.
Пакетот содржи и редизајниран заден браник, кој инкорпорира дифузер со шест перки и четири округли издувни цевки. Надворешните измени ги комплетираат новите 23 или 24-инчни тркала со црвени детали.
Ентериерот следи слична шема на бои како екстериерот и добива нови црно-црвени кожни тапацири со дијамантски шевови на седиштата, потпирачот за лакт и панелите на вратите.
Црвените опшивки и деталите од карбон фибер можат да се забележат на повеќе места во кабината, а логото на тјунерот ги краси седиштата, инструмент таблата и патосниците.
Пог поклопецот, Mansory ги надградиле турбополначите на 4.0-литарскиот V8 агрегат, направиле рекалибрација на компјутерската единица и додале нов издувен систем за да ја зголемат силата на 750 кс и 1,020 Nm вртежен момент.
Тоа е значително засилување на перформансите од стандардните 550 кс и 770 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на моделот да забрза од 0-100 км/ч за 3.7 секунди, додека пак неговата максимална брзина изнесува 317 км/ч.