AC Schnitzer претстави серија надградби за новиот BMW M4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer претстави серија надградби за новиот BMW M4

Тјунинг специјалистите од AC Schnitzer преставија цела гама на додатоци за екстериерот и ентериерот, како и нови фелни и пружини за новиот BMW M4.

Естетските додатоци на предниот дел вклучуваат нов преден сплитер и карбонски крилца на двете страни од браникот. Покрај тоа што додаваат дополнителна доза на агресија на изгледот на M4, тие исто така ја подобруваат аеродинамиката.

Во продолжение, AC Schnitzer развиле уникатни странични прагови, а истовремено го измените задниот дел со суптилен лип спојлер и поизразен дифузер.

Тие што сакаат понизок став ќе можат да нарачаат нови пружини кои го снижуваат предниот дел за 20-25 милиметри, а задниот за 15-20 милиметри. Во иднина AC Schnitzer планираат да биде лансирана и прилагодлива суспензија.

Купувачите ќе можат да одберат од цела палета на различни 20-инчни ковани фелни. AC Schnitzer за новиот BMW M4 подготвува и спортски издувен систем, кој ќе ја зголеми силата на 3.0-литарскиот твин-турбо агрегат од стандардните 473 кс на 502 кс, со што ќе се израмни со варијантите Competition.

Достапни се и повеќе додатоци за ентериерот, вклучувајќи уникатни лопатки за менување на степени и алуминиумски педали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.