KIA го најавува новиот, радикално-редизајниран Sportage – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA го најавува новиот, радикално-редизајниран Sportage

KIA започна да објавува детали за целосно-новиот Sportage – и откривањето го започна со три таинствени фотографии од најновата генерација на супер-популарниот SUV.

Новиот Sportage ќе дебитира во Јули, на домашниот корејски пазар, а европската верзија (која не би требало премногу, или воопшто да се разликува од корејската) ќе биде претставена во Септември.

Забележуваме дека новиот Sportage ќе биде радикално редизајниран – на предниот дел забележуваме интересно-поставени предни светла со LED дневни светла, додека на задниот дел добиваме комплексни и модерни задни светлосни групи. Дизајнот на новиот Sportage е воден од Opposites United дизајнерската насока на KIA.

Од она кое можеме да го видиме, кабината ќе добие голем едноделен екран во кој ќе бидат сместени дигиталните инструменти и инфозабавниот уред. Стаклото ќе биде закривено, а вакво нешто веќе видовме кај новиот електричен EV6.

Инаку, од KIA нескриено ги кажуваат амбициите за новиот Sportage. Karim Habib, кој е на чело на KIA Global Design Center, изјави – „Земајќи инспирација од пристапот каде природата се среќава со модерното, новиот Sportage ги предизвикува поставените дизајнерски норми со авантуристички и современ екстериер, но и прекрасно-детален и водечки ентериер. Со новиот Sportage, не сакавме само да направиме еден чекор напред, туку да отидеме на сосем друго ниво во SUV класата.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.