Peugeot 208 и 2008 се најпродаваните модели во Април 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 и 2008 се најпродаваните модели во Април 2021 во Европа

ЈАТО штотуку ги објави резултатите од продажбите на нови возила во Европа за четвртиот месец од годинава.

Францускиот бренд повторно импресионираше со освојување на првите две позиции со 208 и 2008, откако забележа 18,387 и 18,328 продадени примероци од малиот градски автомобил и урбаниот кросовер.

Осмата генерација на Volkswagen Golf со продадени 17,763 возила успеа да го дофати само третото место, додека пак Toyota Yaris заврши на четвртата позиција со 17,365 продажби.

Вториот најпопуларен кросовер – Volkswagen T-Roc е петтиот најпродаван модел, со регистрирани 17.168 продадени возила.

Во продолжение на листата на 10 најпродавани модели се наоѓаат и Opel Corsa, Renault Clio, Fiat 500, Peugeot 3008 и Citroen C3. Интересен факт е дека дури 6 од овие 10 модели потекнуваат од Stellantis, што е голем успех за групацијата.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.