Иако ова е само виртуелен приказ на екстремниот Golf GTI на Prior Design, сепак најавено е дека не е исклучена опцијата овој тјунинг пакет да биде понуден во сериско производство.
Екстремниот бодикит наменет за најновата генерација на Golf GTI влече инспирација од TCR шампионатот и ги пренесува тркачките детали на улицата.
Пропорциите на Golf GTI се уште понагласени – па предниот дел добива голем, проширен браник со големи отвори за воздух, крилата се проширени за да бидат вградени поголеми (и пошироки) тркала, додека на задниот дел едноставно доминираат големиот заден спојлер и широкиот браник со вграден дифузер.
Нема никакви информации околу евентуални измени во кабината, но пакетот за екстериерот навистина ни се допаѓа – му дава на новиот Golf GTI доза на нагласена спортска агресивност!