Вечерно Кино: Спаринг на Шарл Леклер и Карлос Саинз во две Ferrari SF90 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Спаринг на Шарл Леклер и Карлос Саинз во две Ferrari SF90

Возачите на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинз ја имаа можноста да седнат зад воланот на SF90 Stradale и SF90 Spider.

Ова промотивно видео ги прикажува двaјцата возачи како се забавуваат позади воланот на најсилниот сериски автомобил на Ferrari. Истовремено тие ги искусуваат неговите перформанси и ги пролизгуваат славните свиоци на тркачката патека Имола.

SF90 Stradale и SF90 Spider се погонувани од 4.0-литарски V8 агрегат кој испорачува 769 кс и работи во комбинација со три електрични мотори за дополнителни 217 кс. Како резултат на тоа се 986 кс и 900 Nm вртежен момент, кои се пренесуваат кон подлогата преку осум-степена трансмисија со двојна спојка и погон на сите тркала.

Погледнете го пријателскиот спаринг на двајцата Формула 1 возачи на Ferrari и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.