Естебан Окон и Фернандо Алонсо ќе возат Alpine A110s со Формула 1 шари – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Естебан Окон и Фернандо Алонсо ќе возат Alpine A110s со Формула 1 шари

Формула 1 возачите на Alpine – Естебан Окон и Фернандо Алонсо добија на поклон за користење два примероци од моделот A110s, дотерани во боите на нивните болиди.

Откако го промени името на тимот од Renault во Alpine и бојата на болидот од жолта во сина, Францускиот производител продолжува со уште еден потег за посилно промовирање на брендот.

Alpine A110 е лесен спортски автомобил со средно поставен мотор, кој го „воскресна“ брендот по долгогодишно мирување. Овој модел не беше создаден со цел да поставува нови рекорди на тркачките патеки, туку да понуди што поголемо уживање на возачот и неговиот патник.

Поклонетите примероци на Формула 1 возачите се базирани на посилната верзија А110s. Таа е погонувана од 1.8-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат, кој произведува 288 кс и 320 Nm вртежен момент.

Лесниот A110s тежи само 1100 килограми, што значи дека се работи за автомобил способен за импресивни перформанси. Моделот A110s забрзува од 0-100 км/ч за 4.4 секунди кон максималната брзина од 250 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.