Баварскиот бренд додава M xDrive погон на сите тркала кај Competition верзиите на спортските модели M3 и M4.
Моделите го задржуваат познатиот 3.0-литарски шест-цилиндарски агрегат кој произведува 510 кс и 650 Nm вртежен момент, усогласен со осум-степена ZF автоматска трансмисија. Сепак, добиваат погон на сите тркала за уште поимпресивни забрзувања.
Погонот содржи електронска повеќе-слојна спојка за прилагодлива, варијабилна дистрибуција на вртежниот момент помеѓу предните и задните тркала. Покрај тоа тука е и Active M диференцијал, како и специјална контролна единица која овозможува ограничување на пролизгувањето.
Системот за погон на сите тркала доаѓа со три различни режими, а најосновниот од нив малку понаклонет кон задните тркала. Режимот 4WD испраќа уште поголем вртежен момент кон задните тркала, додека пак третиот ги исклучува предните тркала и го остава само задниот погон.
Благодарение на погонот на сите тркала, двата модели забрзуваат од 0-100 км/ч за 3.5 секунди. Ова ги прави 0.4 секунди побрзи од нивните верзии со погон на задните тркала. Доколку возачот продолжи да ја држи својата нога на педалата за гас, тие можат да достигнат брзина од 290 км/ч.
Моделите опремени со xDrive системот добиваат и редизанирана суспензија, како и прилагоден одзив на управувањето со воланот. М3 и M4 ќе бидат лансирани на Европскиот пазар во Јули оваа година.