Škoda потврди дека новата генерација на Fabia ќе ја доживее својата премиера на 4ти Мај и истовремено објави дигитални скици кои го прикажуваат нејзиниот изглед.
Иако скиците го преувеличуваат дизајнот на некои елементи, очекуваме дека дизајнот на серискиот автомобил ќе биде речиси ист. Од тие елементи очекуваме дека серискиот модел ќе добие помали тркала со помалку изразени крила, поисправени линии на стаклата и стандардни рачки на вратите.
Земајќи го сето ова предвид може да се заклучи дека новата Fabia ќе се одликува со еволутивен дизајн и дискретно изменети пропорции. Напред се забележуваат потенки светлосни групи со интегрирани LED дневни светла, кои се споени со поголема решетка.
Гледана во профил, новата Fabia се одликува со позаоблена линија на кровот која завршува со спојлер, а триаголниот дизајн на страничните прагови бил инспириран од знамето на земјата од која што потекнува брендот – Чешка. Позади пак, светлата добиваат поостра форма со повпечатлива графика.
Во кабината, четвртата генерација на Fabia ќе добие нов мултимедијален систем со стандарден 6.8-инчен или опционален 9.2-инчен екран, а на централната конзола е сместен 10.2-инчен дигитален инструмент панел.
Тука се и дополнителни фиоки за складирање, како и USB-C приклучок на ретровизорот. Исто така, новата Škoda Fabia ќе продолжи да се нуди со рачка за гребење мраз, како и држач за паркинг карта.
Палетата на мотори ќе биде составена од четири верзии на 1.0-литарскиот три-цилиндарски бензински агрегат, од кои првите две се природно аспирирани со 65 и 80 кс и усогласени со пет-степен рачен менувач.
Останатите имаат турбопочнач и испорачуваат 95 и 110 кс, а можат да се добијат со шест-степена мануелна или опционална седум-степена DSG трансмисија. Како најсилен избор ќе биде понуден 1.5-литарски турбо-бензински мотор со 150 кс, во комбинација со седум-степен DSG менувач.
Возачите ќе бидат помогнати од нова безбедносна опрема, вклучувајќи пакет за помош на патот кој носи полу-автоматски функции.