Toyota Supra добива радикален бодикит од Avante Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Supra добива радикален бодикит од Avante Design

Се чини дека новата Toyota Supra ја наследи популарноста за стилизирање од нејзината претходна генерација, а доказ за тоа е и новиот бодикит од Avante Design.

Целта на тимот на Avante Design била да се создадат пакет додатоци, кои нема драстично да одскокнуваат од стандардниот дизајнерски јазик и ќе изгледаат како да потекнуваат од Toyota, а ние слободно можеме да потврдиме дека успеале во тоа.

Започнувајќи од напред, обновеното лице се одликува со „широко отворен“ преден браник, кој ги спојува трите стандардни средишни во еден масивен отвор за воздух.

Кога зборуваме за отворите, направено е и дискретно зголемување на страничните решетки под светлата. Измените на предниот дел завршуваат со новиот преден сплитер, придружен од неколку аеродинамички крилца.

На задниот дел највпечатлива измена се решетките над задното стакло, инспирирани од постарите генерации на Supra. Секако тука се и голем заден спојлер, како и дискретно редизајниран браник со интегриран дифузер.

На фотографиите се прикажани два модели на Supra: жолта и црвена. Жолтата ја прикажува „Stage 2“ варијантата на бодикитот и ги содржи сите претходно споменати елементи, додека пак црвената ja носи „Stage 3“ варијантата и е дополнително опремена со пошироки, крила, преден сплитер, странични прагови, заден браник и понизок спојлер.

Прикажаниот бодикит е само концепт за сега, но Avante Design објавија дека забележале огромен интерес за нарачки, па може да се очекува дека наскоро ќе започнат со производство.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.