Новиот Land Rover Defender е прогласен за Светски Автомобилски Дизајн на Годината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Land Rover Defender е прогласен за Светски Автомобилски Дизајн на Годината

Новиот Land Rover Defender е третиот модел на Land Rover кој ја освојува оваа награда – по претходните победи на Range Rover Velar во 2018 и Evoquе во 2012.

Новиот Defender останува верен на авантуристичкиот дух кој е својствен за Land Rover повеќе од 70 години, но истовремено ги редефинира авантурите за 21-виот век. Препознатлив по името, формата и можностите, новиот Defender може да се добие во неколку различни изведби и може да се персонализира според желбите на купувачите. Наградата за Светски Автомобилски Дизајн на Годината за 2021 е најновата од многуте награди за робустниот и незапирлив теренец.

Наградата за Светски Автомобилски Дизајн на Годината го препознава најистакнатиот нов автомобил во изминатите 12 месеци и ги наградува возилата кои наметнуваат нови стандарди за технички иновации, како и дизајн кој ги бутка постоечките граници. Оваа година, сите кандидати во неколкуте различни категории можеа да се натпреваруваат во категоријата Светски Автомобилски Дизајн на Годината, но специјално жири од седум експерти по автомобилски дизајн ја направи специјалната листа на препораки која ја земаа предвид 93-цата членови на жирито.

Уникатната силуета го прави Defender да биде веднаш-препознатлив, а гордиот, исправен став на британската икона едноставно наметнува авторитет. Ние веќе го возевме новиот Defender – нашиот тест можете да го прочитате тука.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.